Амбасадата на САД: Апсурдни се обвинувањата дека западот ја дестабилизира Македонија

by Фокус

Апсурдни се обвинувањата дека САД се вмешани во заговор за дестабилизација на Македонија, реагира Американската амбасада во Скопје во врска со изјавите на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров дека Западот стои зад актуелните случувања во Македонија

– Неодамнешните обвинувања дека САД или некои американски организации се инволвирани во заговор за дестабилизација на Македонија се апсурдни. Соединетите Американски Држави сакаат мир и стабилност во Македонија, како дел од нашата постојната цел за “Европа цела, слободна и мирна“. Македонските граѓани и нејзините лидери сакаат да се вклучат во ЕУ и НАТО, знаејќи дека тоа е најдобриот пат за безбедна и просперитетна Македонија. Ние целосно се согласуваме со тоа, се вели во реакцијата на амбасадата на САД.

Поврзани новости