Адеми: Неопходно е математиката да биде задолжителен предмет во државната матура

by Фокус

Цениме дека е неопходно математиката да биде задолжителен предмет во процесот на државната матура, затоа што тоа е материја малку видлива, но многу практична и ефективна во секојдневниот живот. Особено значајна за младите кои се определуваат за техничките струки, рече министерот за образование и наука Абдилаќим Адеми, денеска на јубилејната дваесетта математичка олимпијата во организација на Друштвото на математичари и информатичари „Паскал“ и списанието „Плус“, која се одржа во просториите на Универзитетот на Југо-Источна Европа во Тетово.

– За математика може многу да се зборува. Таа се јавува секаде каде што постојат комплицирани проблеми со квантитет, структура, простор или промена. Најпрвин овие проблеми се јавувале во трговијата, мерење на земја и подоцна во астрономијата; денес, проблеми за математичарите се јавуваат кај сите науки, а многу проблеми исто така се јавуват и во самата математика. Во сите меѓународни пракси и истражувања јасно е покажано дека земјите кои силно се фокусирани на математиката во кој било сегмент од образованието, имаат многу поквалитетни резултати, истакна министерот Адеми.

Поврзани новости