Алтхаузер: Пратениците да ги прифатат барањата на СЈО

by fokus

Германската амбасадорка во земјава Кристине Алтхаузер денеска порача дека единствено трајно решение на кризата е преку владеење на правото и повика на поддршка на работата Специјалното јавно обвнителство.

-Претставниците на граѓаните во парламентот да ги поддржат напорите на Специјалното јавно обвинителство и да овозможат еднаква правда за сите, порача Алтхаузер, на завршната конференција од проектот „Поддршка за ефикасна превенција и борба против корупцијата“, во организација на Државна комисија за спречување на корупција.

Германската амбасадорка рече дека „во оваа насока е важно политичкото лидерство да донесе одлука“.

-Судството е дел од овој ендемски предизвик, правната отчетност претставува основен дел од демократијата и од владеењето на правото. Без тоа не може да постои трајно решение на кризата – додаде Алтхаузер.

Инаку, Специјалното јавно обвинителство неодамна пред пратениците поднесе иницијатива за измена на Законот за заштита на сведоци и за продолжување на мандатот за истраги. Владејачкото мнозинство ги отфрли барањата, а вчера Павле Трајанов од Демократскиот Сојуз повторни го достави во Собрание.

 

Поврзани новости