ВМРО-ДПМНЕ: Ако нема пари за градинки в година, ќе има во наредните

by fokus

Владејачката партија реагираше на прес конференцијата на потпретседателот на СДСМ Дамјан Манчевски, кој обвини дека за ветените 140 градинки не се предвидени пари во буџетот за 2017-та.

Од партијата велат дека се работи за мега проект кој е предвидено да се реализира во период од четири години, што подразбирало долгорочно финансирање.

-Дамјан Манчевски има познавања во економијата исто колку што аболицираниот криминалец Зоран Заев се разбира во нуклеарна физика. Раководството на СДСМ единствено што знае е да лаже и да манипулира. Несреќниот Дамјан Манчевски не сфаќа дека Буџетот за 2017 година е наречен така, заради тоа што важи заклучно со 31 декември 2017. Мега проектот што го најави Претседателот Никола Груевски е предвидено да се реализира во наредните 4 години, што подразбира долгорочно буџетирање.  – стои во соопштението на партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ додаваат дека нови 140 градинки ќе има, бидејќи како што велат, остварувале се што ќе ветат.

Поврзани новости