448
Има излез од политичката криза, постои пат, порача денеска германската амбасадорка Кристине Алтхаузер, која денеска беше во посета на Кочани.
-Имаме изборен резултат, ќе треба да се формира Влада, првин треба да се избере спикер во Собранието, изјави таа.
Германската амбасадорка додаде дека задачите се веќе на маса и дека ќе мора да се почне со реформите, а потоа ќе следат и локалните избори, но како што вели сè треба да се прави по редоследот по кој го наведе.