ДОМ: Рудниците ќе го уништат земјоделието и туризмот во Валандово, Дојран и Гевгелија

by fokus 21:41
21:41

Делегација на ДОМ со претседателката Лилјана Поповска ги посети Валандово, Дојран и Гевгелија и на средби со активисти и граѓани разговараше за штетите врз природата и здравјето од отворањето рудници во околината.

Поповска нагласи дека рудниците ќе го уништат земјоделието и туризмот во Валандово, Дојран и Гевгелија.

- Advertisements -

-Не треба жителите да се залажуваат со отворањето на стотина работни места, туку да бидат свесни за трајната штета за животната средина и здравјето, но и за уништувањето на илјадници работни места во земјоделието и туризмот. Токму таму треба државата да инвестира. Тие дејности не одат заедно! ДОМ и натаму ќе се залага за донесување Закон за почви, за да се знае на каква почва се сади и да се исчистат загадените почви, рече Поповска.

 

Поврзани новости