728
Еднаш татко ми кога имаше тешки проблеми со ’рбетот бараше спас по клиникиве, но немаше никаков резултат за негово подобрување. Тогаш апаратите беа стари, а во здравството никој не вложуваше. Па по совет од негов пријател почна да оди на акупунктура. Ситуацијата му се подобри, но еден ден си дојде дома со заборавена игла во главата. Од целата мака видовме и нешто добро, фативме кристално јасен сигнал на ТВ Сител и животот на сите ни се смени. Ете што ти значи алтернативната медицина.
Ама сега е веќе полесно, клиниките имаат опрема од милион евра, која не знам дали позитивно ќе влијае на квалитетот на сликата и сигналот на истата телевизија, но уверен сум дека позитивно ќе влијае, барем кај дел од таму вработените.