Алсат М: Починале две новороденчиња, можен фактор за смртта е вакцина

by Фокус

Две новороденчиња починале за два дена, а првите неофицијални сомнежи  се поврзуваат со вaкцината Дитепер, објавува телевизијата Алсат М. Едното бебе имало само два месеци, а второто било на четиримесечна возраст.

Роднините, иако потресени од трагедијата, не се подготвени да зборуваат пред камерите. Случајот за Алсат М телевизија го потврдиле од полицијата и од вештачењето.

– На 1 март во Студеничани е пријавено дека за 12 месечно новороденче, родено во декември 2014 година, била повикана брза помош. Вториот случај е на 3 март, новороденче родено во јануари, примено во Градска болница, каде не дало знаци на живот. Лекарите се обиделе да го вратат новороденчето во живот, но безуспешно. Во двата случаја било констатирано дека смртта не е како последица на насилство, туку поради болест, затоа телата на двете новороденчиња се однесени на вештачење, со цел откривање на точните причини на смртта – вели Лиза Бендевска, портпаролка на СВР- Скопје.

Вакцината Дитепер е комбинирана вакцина против дифтерија, тетанус и пертусис, односно кашлање.

 

Поврзани новости