Алсат-М: Навивачи претепале десетина жители на Батинци

by Фокус

Десетици жители од скопското село Батинци синоќа биле физички нападнати од навивачи на фудбалски клуб, објавува телевизијата „Алсат-М“.

Најголеми последици од хулиганскиот напад претрпеле жителот на Батинци, Бурхан Исмаил и неговиот 14-годишен братучед.
Биле нападнати и двајца Албанци кои живеат во Белгија, додека биле во трговскиот центар “Сити мол” во Скопје. Демолиран бил и нивниот автомобил, објави телевизијата.

Од СВР Скопје потрвдуваат дека синоќа имало два инциденти, едниот на плоштадот Макеоднија, а другиот во населбата Карпош 3, во кои засега непознати лица нападнале други лица. Како што велат, засега не може да се каже кои се напаѓачите, ниту пак кои се мотивите за нападите.

Поврзани новости