Алиу: Џафери само го чита дневниот ред, Груби одлучува што ќе помине

by fokus

Tехничкиот премиер Талат Џафери само го чита дневниот ред, а која точка ќе помине, одлучува Артан Груби, изјави министерот за информатичко општество и администрација, Азир Алиу во „10 минути“ на ТВ21.

-За жал, лично го познавам и господинот Талат Џафери. За жал, со средбата во Владата го руши профилот на техничкиот премиер и профилот на Џафери со преземањето на управувањето со процесите. Така, вчера техничкиот премиер само ги прочита точките и за сите Артан Груби одлучи дали ќе бидат на дневен ред, ќе гласаат „за“ или ќе гласаат „против“?, рече Алиу.

По расколот во Алијанса за Албанците го предложи министерот Алиу да биде разрешен од функцијата.

 

Поврзани новости