Само неколку дена пред “крвавиот четврток”, многумина припадници на Министерството за внатрешни работи од албанската етничка заедница биле испраќани на принуден годишен одмор, вели Рафиз Алити, висок функционер на ДУИ и поранешен пратеник од оваа партија.
-Јас знам дека министерот за внатрешни работи дал наредба никој да не оди на одмор во овој период, но некој праќал полицајци-Албанци на одмор неколку дена пред инцидентите во собрание. Некои од нив не отишле,а некои земале боледување.Тоа кажува дека нешто се подготвувало – изјави Алити за Фокус.
Според него, случувањата во Собранието на 27 април се планирано сценарио чиј таргет биле неколку пратеници од новото парламентарно мнозинство, но, нагласува тој, добро е што кризата не предизвикала меѓуетнички судири.
В.С.