Алијансата за позитивна Македонија ја констатираше оставката на Зиков

by Фокус

Главниот одбор на Алијансата за позитивна Македонија ја констатира оставката на претседателот Љупчо Зиков и ја разгледа актуелната политичка криза, која, според АПМ, не може да се надмине без сериозен ангажман на меѓународната заедица, пред се на ЕУ и САД.

„Одборот го поздравува дијалогот помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ во Брисел и цени дека приоритет во решавањето на кризата треба да се даде на политичкиот договор во кој ќе бидат вклучени и парламентарните политички партии од албанскиот блок“, соопштија од партијата.

Од таму сметаат дека до политичко решение на кризата треба да се дојде преку вонредни парламентарни избори кои ќе бидат организирани според нов Изборен законик, а Република Македонија да биде една изборна единица, отворени кандидатски листи.

„Пред распуштање на парламентот за сите наредни парламентарни избори да се формира непартиска техничка влада што ќе ги реализира изборите“, сметаат од Алијансата.

Зиков се повлече откако, како што изјави, увидел дека не може да ги надмине проблемите и блокадите во партијата, без што не може да се реализиура партиската визија и програма.

Поврзани новости