Новинарите ќе протестираат против лустраторите

by Фокус

Новинарскиот пленум информира дека ќе побара прием кај претседателот на Комисијата за верификација на факти, Томе Аџиев, за да го изрази револтот поради информациите за лустрирање главната уредничка на неделникот Фокус, Јадранка Костова, како и за за најавите за лустрација на други новинари.

Инаку, новинарите, со транапсренти и жолти ленти на рацете, денеска на пладне ќе протестираат пред седиштето на МРТВ, каде всушност е сместена лустрациската комисија.

Поводот е пресметката со дел од новинарите, во која главни извршители во моментот се лустраторите.

Поврзани новости