Започна собирот пред општина Центар за зачувување на ликот на ГТЦ

by Фокус

Граѓаните обединети во иницијативата “Го Сакам ГТЦ” се собраа пред бараката каде заседава Советот на Општината, за да ги охрабрат советниците да го дадат својот глас за распишување на референдум за зачувување на постојниот изглед на Градскиот Трговски Центар, наспроти идејата на власта да го претвори во барок.

Се очекува советниците на мнозинството на СДСМ и коалицијата да застанат зад граѓанската иницијатива, додека ставот на ВМРО-ДПМНЕ се уште недостасува, иако може да се насети дека се бидат воздржани или против.
Седницата се очекува да започне во 13 часот.
Protest pred centar 1

Поврзани новости