Алијанса за Албанците за „Диво насеље“: Кој даде наредба за пукање во „Јуначката населба“?

by fokus

Вчера режимот ВМРО-ДУИ со цел дефокусирање на вниманието на јавноста од скандалите на таканаречените бомби, го монтираше случајот Куманово, а денес новиот режим на СДСМ и ДУИ со истата цел и за дневни политики со исти механизми на фаќање на судството, ги потврди невидените казни во Нирнбершкиот процес, реагираат од Алијанса за Албанците на Зијадин Села, откако Апелациониот суд ги потврди казните за осудените во предметот „Диво насеље“.

„Додека пресудите продолжуваат да бидат максимални само затоа што обвинетите се Албанци, јавноста не ја дозна вистината за тоа кој бил организаторот, кој даде наредба за пукање без предупредување за предавање кон момчињата во Јуначката населба?
Дали е вистина дека била издадена наредба за егзекуција на најмалку двајца учесници во конфликтот откако тие се предале, што можеле да откријат овие линчувани лица, итн.?“, велат од Алијансата.

Според партијата на Села само меѓународна истрага би дала одговор за сите овие дилеми.

„Албанците не можат да бидат жртвено јагне секогаш кога политичката класа во Северна Македонија треба да ги покрие своите скандали“, додаваат од таму.

Поврзани новости