Русковска бара нови 30 дена притвор за Јанева

by fokus

Обвинителството за организиран криминал и корупција бара Катица Јанева и понатаму да остане во притвор, поради што денеска до судот испратиле предлог за продолжување на мерката.

Обвинителката Вилма Русковска продолжувањето на притворот го бара поради два основи и тоа опасност од бегство и опасноста да влијае врз сведоци или да уништи докази. Обвинителството се откажа од третиот основ, односно повторување на кривичнното дело, бидејќи Јанева неодамна беше разрешена од позицијата специјален јавен обвинител, поради што повеќе нема опасност дека ќе го повтори делото.

Триесет дневниот притвор на Јанева истекува во петокот. Нејзината адвокатка Ирена Фрчкоска најави дека таа ќе бара Јанева да се брани од слобода, а како гаранција ќе биде понуден нејзиниот недвижен имот.

В.В.

Поврзани новости