Алијанса за Албанците: Во каква улога беше Али Ахмети на Преспа форумот?

by Fokus

„Во каква улога учествуваше Али Ахмети на овој форум организиран со парите на граѓаните. Ако бил во својство на пратеник, потсетуваме дека Собранието на Северна Македонија има уште 119 други пратеници, но ако учествувал како претседател на партија, исто така имаме уште многу други претседатели на партии кои што допринеле во овој процес“, се нагласува во соопштението на Алијанса за Албанците

„Имајќи го предвид и фактот дека оваа конференција е фокусирана на надминување на билатералните недоразбирања во регионот, не може, а да не се забележи неприсутноста на претставници на Бугарија, во време кога спорот со Софија ги спречува преговорите со ЕУ. Сето ова отвара дилеми дали претставниците на Бугарија ја бојкотирале конференцијата или воопшто не беа поканети“, прашува Алијанса за Албанците.

 

Поврзани новости