Алијанса за Албанците: Референдумскиот резултат е поради чувството на граѓаните дека стариот се замени со нов режим

by Фокус

Алијансата за Албанците побара премиерот Зоран Заев веднаш да го разреши вицепремиерот Бујар Османи, откако Специјалното јавно обвинителство отвори истрага против него за злоупотреба на државни пари во 2010 година, кога беше министер за здравство.

„Бујар Османи повеќе неа морален легитимитет да ја води агендата за европски интеграции, ниту стратегијата на владата за спроведување на приоритетите на итни реформи за ЕУ кои произлегуваат од Пржинскиот договор, кои во главно се однесуваат на реформите во секторот за правда и борбата против корупција. Покрај тоа, неговото понатамошно вршење на функцијата сериозно би и наштетил на независноста на судството, имајќи го во предвид високото ниво на политичко мешање во судството, наведени и во сите неодамнешни независни проценки од страна на Европската комисија и Европскиот парламент. Османи треба веднаш да биде разрешен за да им овозможи на судиите да бидат во состојба да донесуваат одлуки без политичко мешање и притисоци“, бараат од АА.

Од партијата на чело со Зијадин Села велат дека имунитетот којшто корумпираните функционери на ДУИ го уживаат владата на Заев предизвика значителна недоверба во судството меѓу граѓаните, како што е наведено и од страна на ОБСЕ во својот прв извештај за евалуација на работата на Специјалното обвинителство.

„Ова, како и секојдневните корупциски скандали на вицепремиерот Кочо Анѓушев и неколкумина други министри, го објаснуваат во голема мерка во резултатот на референдумот од 30 септември за Преспанскиот договор, бидејќи граѓаните се повеќе чувствуваат дека новиот режим базиран врз корупција и клиентелизам го заменува стариот режим. Оваа влада веќе не е кредибилна. Итното разрешување на Бујар Османи и другите министри осомничени за корупција треба да го отвори патот за формирање на техничка влада која ќе ги има потребните бројки за усвојување на уставните реформи неопходни за спроведување на Договорот од Преспа и остварување на целосна еднаквост на заедниците во Република Македонија, пред државата да оди на нови избори“, стои во соопштението на партијата.

Поврзани новости