Алијанса за Албанците останува во Владата

by fokus

Владината тројка, СДСМ, ДУИ и Алијанса за Албанците ќе продолжи да функционира и понатаму. Официјално од Владата, како што објави телевизијата Алсат М, велат дека за каков било раздор немало, ниту ќе има дебата.

– Владата е еден систем, едно мноштво кое треба да се состои од единици кои имаат заеднички особини. Во конкретниот случај, ние се сметаме како реформска Влада и не гледам причина Алијанса за Албанците да не биде дел од оваа Влада, бидејќи ние сме се определелиле за реформи – изјави шефот на изборниот штаб на Алијансата, Елми Азири.

И од СДСМ потврдуваат дека за заминувањето на Алијанса за Албанците не се расправало меѓу партнерите во коалицијата.

– Нема такво нешто. Коалицијата е врз основа на принципи и очекуваме да продолжи соработката во насока на спроведување на реформите во интерес на сите граѓани – соопштуваат од СДСМ.

Од ДУИ очекуваат продолжување на соработкате меѓу трите партии, но не само на централно, туку и на локално ниво.

– Убедени сме дека граѓаните ги очекуваат реформи. Добра соработка со општините, исполнување на Охридскиот договор и членство во НАТО и во ЕУ. Ова е тоа што се очекува од нас додека за ставовите на Алијанса, тие само ќе ја објаснат нивната позиција -изјави шефот на изборниот штаб на ДУИ, Фатмир Бесими.

Поврзани новости