ВМРО-ДПМНЕ: Новата влада треба да ги следи нашите стапки во економијата

by fokus

Новата влада треба да ги следи стапките на владата која ја предводеше ВМРО-ДПМНЕ и да продолжи со стимулатинов-активни мерки кои ги поедноставуваат и забрзуваат процедурите, но и истовремено да промовираат стабилна бизнис околина со ниски даноци, порача денеска Славче Трпески од ВМРО-ДПМНЕ.

-Успешните економски политики од властите на ВМРО-ДПМНЕ и јасната стратегија за раст и развој се чувствувале и во последната година од техничката влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, па во годишниот извештај „Дуинг бизнис“ од Светска банка, Македонија е рангирана на 11-то место за водење на бизнис во светот и на 5-то место во Европа. Извештајот е правен врз основа на информации и спроведени реформи собрани во периодот од ноември 2016 година до јуни 2017 година. „Дуинг бизнис“ на Светска банка ги потврдува реформите и политиките кои владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ги спроведе во периодот од 2006-та до 2017-та година. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ со напорна работа ја позиционираа Република Македонија од 92-рото место во Извештајот за водење бизнис за 2007-ма година кој излезе во октомври 2006-та година, за денеска во овогодинешниот Извештај да бидеме на 11-тото, рече Трпески.

Тој додаде дека ако по утрото денот се познава денешното ново задолжување од 71 милион евра или севкупно задолжување од над 600 милиони евра за само пет месеци ќе допринесе ваквата успешна економска приказна наскоро да стане минато.

Поврзани новости