1.7K
Али Ахмети, лидерот на ДУИ и пратеник во македонското Собрание во анкетниот лист што го објави Државната комисија за спречување на корупцијата пријавил недвижен имот – земјоделско земјиште од 700 метри квадратни во Албанија, а во вредност од 30.000 долари , куќа со 254 метри кавдратни во вредност од 100. 000 долари во Зајас, општина Кичево и автомобил „фолксфаген поло“ во сопственост на неговата сопруга, кој чинел 7.000 евра.
Лидерот на ДУИ пријавил и заштеда во банка од околу 12. 000 евра.