Ахмети и Груби стигнаа кај Иванов

by fokus

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети заедно со Артан Груби стигна во кабинетот на претседателот на државата, Ѓорѓе Иванов, како дел од средбите за консултации кои Иванов ги има со политичите партии за доделувањето на мандатот.

Претходно, кај Иванов беа претставници на БЕСА и претставници на Алијанса за Албанците.

По Ахмети, кај Иванов треба да пристигнат лидерите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Заев и Никола Груевски.

ФОТО: А1Он

Поврзани новости