СЈО ќе му ја достави документацијата од „Пуч“ на Советот на јавни обвинители

by fokus

Специјалното јавно обвинителство (СЈО) ќе одговори на барањето и на Советот на јавни обвинители во најкраток можен рок ќе му ги достави списите и документацијата од предметот „Пуч“, потврдија за „Мета“ од СЈО.

Оттаму велат дека станува збор за обемна документација, чија подготовка за доставување била во тек.

„По однос на барањето на Советот на јавни обвинители за доставување на списите и на документацијата за постапувањето по предметот „Пуч“, Ве известуваме дека, со оглед на фактот што се работи за навистина обемна документација, во тек се подготовки на списите и на документацијата и тие во најкраток можен рок ќе бидат доставени до Советот на јавни обвинители“, стои во одговорот на СЈО на нашето прашање дали ќе му ги достават на Советот на јавни обвинители списите од предметот „Пуч“.

Советот на јавни обвинители вчера соопшти дека минатата недела, до СЈО и од Кривичниот суд во Скопје испратил барање да му ги достават списите од „Пуч“, „заради разјаснување и согледување на дејствата преземени од јавниот обвинител (Катица Јанева).

Поврзани новости