Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети добил покана в четврток да се појави во Специјалното јавно обвинителство како сведок.
Според поканата што била испратена на адреса на интегративците во Мала Речица, Али Ахмети треба да се појави во канцеларијата на специјалниот обвинител во четврток на 3 март во 14 часот.
Оваа вест ја објави порталот на албански јазик Факти.нет, но не е соопштува за кој случај треба да сведочи Ахмети.
Според порталот Нова Али Ахмети неделава е повикан на разговор во Специјалното јавно обвинителство за случајот „Космос“. Од СЈО за Нова потврдиле дека во тек е сослушувањето и на останати сведоци поврзани со овој случај.
Овој случај беше дел од објавените „бомби“ на Заев, а во разговорите се слушаа гласовите на Груевски и Јанакиески, каде се договара начинот на кој ќе биде срушен објектот.
Според властите објектот беше срушен бидејќи отстапил од предвидениот проект.
Бизнисменот Цаноски најави дека тужба до Стразбур за овој случај, каде бара милионска отштета. Тој тврдеше дека немало никакви неправилности при градбата, која не беше ниту завршена, и дека „Космос“ е срушен како знак на одмазда кон него поради тоа што во текот на 2011 година на изборите настапи во коалицијата на СДСМ, а истата година го поддржа работењето на А1 телевизија.