489
Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, ќе оствари средба со грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕиас. Средбата, која е на барање на Ахмети, ќе се одржи во Атина.
Од ДУИ денеска соопштија дека на 8 јануари во Атина претседателот на партијата Али Ахмети и пратеник, заедно со министрите од оваа партија Фатмир Бесими и Муса Џафери и пратеникот Артан Груби, ќе се сретнат со Коѕиас.
Според ДУИ, Ахмети и Коѕиас ќе разменат мислења и идеи за добрососедските односи, отворените прашања меѓу двете земји и за евроатлантските интеграции на Македонија.