„Алфите“ што го апсеа Љубе останаа на работа

by Fokus

Судијката на претходна постапка Славјанка Јанкоска го одби барањето на СЈО за случајот „Тортура“ со што шестемина припадници на полициските „Алфи“ остануваат на своите работни места.

„Судот не го прифати предлогот на СЈО, а со тоа и не им определи мерка на претпазливост – забрана за вршење на сите полициски овластувања кои осомничените ги имаат како полициски службеници и конкретни забрани за вршење работи и работни задачи и овластувања кои ги имаат во согласност со актите за систематизација“, соопшти скопскиот кривичен суд.

Со донесување на ваквата одлуката осомничените Ивица Антевски-Пуки и лицата Н.С., П.М., М.Ш., Ф.А и Ј.Б. остануваат на своите работни места. Тие се осомничени за брутално постапување при приведувањето на ексминистерот за внатрешни работи Љубе Бошкоски, на 6 јуни 2011 година. Во време на извршувањето на делото, Антевски бил командир на единицата „Алфа“, но со отворање на овој случај тој беше разрешен од функцијата, а по одлуката на претседателот Ѓорге Иванов за аболиција беше вратен на старата раководна позиција.

Поврзани новости