Чавков: Примаме нови полицајци за да го достигнеме европскиот просек

by Fokus

Огласот за вработување на 600 нови полицајци во МВР е заради зајакнување на капацитетите на министерството, усогласување на приемот на службеници со тие кои заминуваат во пензија и исполнување на европскиот просек на бројност на полицијата, изјави денеска на прес-конференција министерот за внатрешни работи, Митко Чавков.

– Факт е дека имаме недостаток на униформирани полициски службеници. Европскиот просек е некаде околу 300 полициски службеници на 100.000 жители. Ние во МВР тој просек сè уште го немаме достигнато. Во регионалните сeктори за внатрешни работи имаме околу 50 до 60 отсто пополнетост. Поалармантна ни е состојбата во СВР Скопје, каде имаме 145 полициски службеници на 100.000 жители што е далеку од европскиот просек, а имаме и потреба од зајакнување на капицетитите на граничната полиција. Нашата стратегија е четиригодишна, но имаме направено проекција до 2020 година и во согласност со неа имаме намера да го усогласиме приемот на полициски службеници со одзивот по однос на пензионирање – рече Чавков.

Поврзани новости