337
И новиот обид да постигнат компромис преговарачките тимови на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА денеска заврши неуспешно. По повеќе од пет часа преговори во Пржино, амбасадорот на САД Џес Бејли соопшти дека имале конструктивна и корисна размена на мислења, но дека преговорите продолжуваат наредната недела.
Денешните преговори дојдоа по иницијатива на амбасадорскиот двоец Аиво Орав и Џес Бејли, откако претходно ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ не успеаја да најдат начин како да ја надминат спорната точка, која го блокира целиот процес кој треба да обезбеди кредибилни избори