536
Компанијата Испитен Центар Струмица, која доби лиценца за спроведување на возачки испити во Струмица од страна на Министерството за внатрешни работи, е во сопственост на пријател на премиерот Зоран Заев – Стојан Иванов, објави телевизијата Алфа.
Според телевизијата, Иванов, кој му е пријател на Заев од средно училиште, ја формирал компанијата неполни 2 месеци пред распишаниот конкурс од МВР на 25 јуни.
Исто така, на овој конкурс лиценца за спроведување на возачки испити доби и новоформирана фирма во Скопје Авто испитен центар на Виктор Серафимов, формирана само 7 дена пред да биде распишан конкурсот.