Мицковски ги собра коалициските партнери: Капитуланскиот чин на Заев не смее да биде покритие за општиот грабеж

by Фокус 18:54
18:54

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денес оствари средба со лидерите на политичките партии од коалицијата „За подобра Македонија“, кои заклучиле дека договорот потпишан во Нивици со соседна Грција е капитулантски чин и предизвикува долгорочна штета по повеќе основи.

„Со него се менува името на Република Македонија, Уставот, националниот идентитет, традицијата, историјата и културата. Со капитулантскиот договор на Заев не само што се брише македонскиот јазик и се откажува од Македонците надвор од границите на државата, Заев се откажува и од Македонците во границите на Република Македонија. Коалициските партнери се согласни дека ваквиот капитулантски договор потпишан од уценети политичари не може и не смее да биде покритие за општиот грабеж, расипништвото и хедонизмот на власта“, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.

- Advertisements -

Притоа, Мицкоски истакнал дека ВМРО-ДПМНЕ продолжува со активностите на терен со цел да го слушне гласот и волјата на членовите, активистите и граѓаните врз основа на која ВМРО-ДПМНЕ ќе го донесе конечниот став по однос на референдумот.

Поврзани новости