Николоски за милионскиот тендер за учебници во 4 очи: Братска делба на СДСМ и ДУИ

by Фокус

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, реагираше дека договорите што Министерството за образование и наука ги склучи во 4 очи со две компании за набавка на учебници во вредност од 5,3 милиони евра претставува мега скандал и кршење на сите законски и етички норми.

„Замислете, официјалното образложение е дека била итна набавка зашто почнувала школската година. Како да не се знае кога почнува школската година! Како да не се знае дека почнува од први септември и дека не можело да се испланира па да има нормален тендер со повеќе учесници кои би се натпреварувале за најниска цена. Плус “братска делба” помеѓу СДСМ и ДУИ…Заедно менуваат име и заедно крадат!“, напиша Николоски на фејсбук.

Инаку, МОН ги склучи договорите за набавка на учебници со скопската Арс Ламина и тетовската Арбериа Дизајн.

Поврзани новости