„Алфа телевизија“ денеска ги објавила резултатите од интерната евалуација според која 13 работници се вишок, а седум од тие ќе бидат новинари од дневната и од културната редакција, велат вработените за „Фокус“.
Меѓу најслаборангираните новинари се Санта Аргирова, Искра Новаковска и Јасминка Аневска, додека во категоријата репортери меѓу најслаборангираните се Христијан Стојчевски и Љубиша Арсиќ. Се претпоставува дека токму некој од нив ќе замине од телевизијата. Новинарите за „Фокус“ велат дека од четирите критериуми во евалуацијата два биле многу субјективни, односно се оценувала успешноста во работата и придонесот на работната позиција.
– Токму поради тоа многу подобро котираат новинари кои работат една до три години во професијата, во споредба со луѓе кои се во новинарството со децении – коментираат вработените за „Фокус“.
Остатанатите што ќе се отпуштат се луѓе кои работат на технички позиции во телевизијата. Новинарите имаат право на жалба, а во рок од 60 дена телевизијата ќе одлучи кој ќе го напушти медиумот.