Алексеј Навални почина во затвор

by Fokus

Почина РУСКИОТ опозициски лидер Алексеј Навални, кој отслужуваше затворска казна во регионот Јамало-Ненец на крајниот север на Русија. Ова денеска го соопштија руските новински агенции, повикувајќи се на управата на затворот, а пренесува Ројтерс.

Во соопштението објавено на својата веб-страница, Федералната казнена служба на автономниот округ Јамало-Ненец наведува дека Навални „се чувствувал лошо“ по прошетката во петокот и „речиси веднаш изгубил свест“.

Се вели дека медицинскиот персонал бил повикан, но дека не можеле да го реанимираат. Се наведува дека се утврдува причината за смртта.

Навални, најистакнатиот критичар на претседателот Владимир Путин во Русија и жесток противник на војната во Украина, одлежа 11 и пол години затвор за измама, непочитување на судот и прекршување на условната казна. Сите тие обвинувања ги отфрли како измислени и политички мотивирани.

Тој лани во декември беше преместен од затворот во Москва и речиси две недели неговите соработници не знаеа каде е. Потоа неговиот адвокат соопшти дека Навални се наоѓа во затвор во регион во северна Русија.

Поврзани новости