Александар Тортевски, а не Агим Јонуз, е кандидат за градоначалник од „Твоја“

by fokus

Дел од медиумите објавија дека Агим Јонуз е кандидат за градоначалник на Скопје од „Твоја партија“, иако адвокатот Александар Тортевски пред неколку дена ја објави кандидатурата.

Јонуз ќе биде носител на советничка листа за „Твоја партија“ за Град Скопје, чиј кандидат е адвокатот Тортевски.

Тортевски, откако објави дека ќе биде дел од трката за градоначалник, рече дека мотото на неговата кампања со која ќе се претстави пред Скопјани ќе биде „Избори се сам, избори се за твојот град“.

„Второто мото со кое ќе настапам е дека помеѓу две зла немој да го избереш помалото затоа што такво нешто не постои. Помало зло е само ако не е на власт, кога ќе се врати повторно ќе биде зло“, рече Тортевски.

Поврзани новости