Александар Миновски е момчето кое загина искачувајќи го Кајмакчалан

by fokus

Познат е идентитетот на момчето кое загина искачувајќи го врвот Кајмакчалан заедно со поголема група планинари организирани преку друштвото „Трансверзалец“. Александар Миновски од Скопје и Калина Велевска исчезнале кратко откако почнала планинарската рута и на нив им се губи тага.

Денеска попладнето беа пронајдени нивните безживотни тела. Едно од лицата е пронајдено во провалија, а другото премрзнато во падините на планината Ниџе.

Групата била составена од 50 планинари кога тргнале кон искачување на врвот Кајмакчалан.

Поврзани новости