Албанските гангстери дивеат низ Британија, а потоа брутални видеа објавуваат на Тик Ток

by Fokus

На социјалните мрежи се појавија видеа од албански гангстери кои ги објавуваат под изговор дека сакаат да помогнат во борбата против „тајната војна во предградијата“ и наводно да го контролираат профитабилниот бизнис со канабис во Велика Британија.

Бруталните видеа објавени на социјалната мрежа Тик Ток покажуваат дека шефовите на банди користат киднапирања, лажно затворање и брутално тепање за да го зацврстат својот авторитет во мрежата на засолништа за дрога во станбените згради низ целата земја. Некои од видеата имаат дури повеќе од 10.000 прегледи и прикажуваат жртви со модринки кои врескаат од болка и молат за помош.

Овие снимки се објавуваат како „остро предупредување за тоа што ќе се случи со оние кои ќе изберат да ги напуштат или да ги предадат“.

Како што пишува Дејли Мејл, криминолозите сметаат дека бандите го прикажуваат крвавиот напад на социјалните мрежи за да ја покажат својата сила над ривалските криминални групи. Тоа го прават, наводно, за да привлечат нови членови на бандата.

Тајната истрага откри дека трговците со луѓе им нуделе на илегални мигранти да работат во „куќи со канабис“ за да ги платат своите долгови.

Оваа информација доаѓа откако МВР предупреди дека бранот криминални банди претставува „значителен ризик“ за националната безбедност, при што традиционалните баратели на азил се заменети со „млади работоспособни мажи“ за кои постои сомневање дека се поврзани со организиран криминал.

Албанците сочинуваа околу 60 отсто од мигрантите во Британија во текот на летото, а се смета дека оваа година пристигнале дури 7.000, од ​​кои многумина биле вовлечени во бруталното криминално подземје.

Инаку, Албанија лани имала најголем број свои државјани во англиските и велшките затвори, дури 1.528 затвореници, пишува британскиот весник.

Едно видео на Тик Ток насловено „Злото доаѓа од нас“, кое има повеќе од 11.000 прегледи, покажува како Албанец испрашува затвореник со црни прстени околу очите кои се отечени за да го принудат да признае дека упаднал во нивната фабрика за канабис и да каже кој го испратил. Друг маж на истото видео е снимен како му се заканува дека ќе го тепа доколку одбие да одговори и го тера да ја отвори устата за да покаже дека веќе му се скршени забите.

 

Поврзани новости