Група албански интелектуалци и граѓани испрати писмо до СДСМ во кое најавува дека ќе протестира пред седиштето на партијата, бидејќи не се објавуваат разговори со албанските политичари. Групата бара СДСМ да ги обелодени и делата и „неделата“ на албанскиот политички блок.
-Оваа најава прво ја правиме кај вас заради тоа што не сме задоволни до досегашниот процес на објавување на вистините за Македонија и цениме дека има значителна несоодветна застапеност на обелоденување на делата и не делата кои ги засегаат поспецифично албанските граѓани. Освен ова забележуваме небалансираност во досегашниот тек на процесот каде некои индивидуи и субјекти се повеќе осветлени од вистината а некои се уште се завиени во темнината, каде лесно виреат сомнежи и шпекулации, стои во писмото до опозициската СДСМ.
Датумот и времето на протестот уште не се дефинирани, но во писмото стои дека тоа ќе се случи во „скорешно време“.