Албанска опозиција: Од понеделник доаѓаат молњи, но за Албанците ќе се роди надеж за промени

by Fokus

Алтернатива, Беса и Демократско движење следната недела се очекува да донесат одлуки за официјализирање на соработката за претстојните избори.

„Албанскиот опозициски фронт, исто така, ги отвора вратите за интелектуалците, невладините организации и другите субјекти и секој што сака промени во Северна Македонија да се приклучи на овој блок“, се вели во испратеното соопштение до медиумите.

Додаваат дека  во наредните денови органите на секоја партија ќе одржат интерни состаноци на кои се очекува да се донесат важни одлуки, како онаа за подготвеност и официјализирање на соработката меѓу опозициските партии, вклучително и одлуката за име, лого и така натаму.

„Кратко и јасно, од понеделник, на некои луѓе и субјекти ќе им се руши удобностата затоа што ќе ја почуствуваат молњата што доаѓа, но за Албанците ќе се роди надеж за промена“, додаваат од Демократско движење.

Поврзани новости