Албанија денеска и официјално го презеде претседавањето со ОБСЕ за 2020 година.
Од Братислава, премиерот и воедно министер за Европа и надворешни работи Еди Рама, ова го оцени како историски чекор за неговата земја.
Додаде дека во прв ред голема е одговорноста да се предводи оваа меѓународна организација, но и извонредна можност да се направи Албанија да заблеска на чело на големата работа и посебните предизвици на ОБСЕ.
И покрај предизвикот, Рама изрази уверување дека ОБСЕ под водство на Албанија ќе биде успешна и ќе се заснова на дијалог, демократија и човекови права.
-За Албанија ова е исторски момент. Нашата визија за раководењето со ОБСЕ ќе се заснова на три столба: Првиот, основните прашања за човековите права, како што се кредибилитетот, безбедноста, територијалниот интегритет и мирот во Европа. Второ, заштита на демократијата,како и работата на ОБСЕ ќе бидат тесно поврзани со народот. Третиот столб ќе се заснова на дијалогот, бидејќи се уште има потреба од градење доверба меѓу земјите,рече Рама.
Посочил дека корупцијата го поткопува просперитетот на целиот регион, заедно со други закани.
-Ќе се бориме против корупцијата. Голема чест и одговорност е од прва рака да се предводи оваа меѓународна организација, како и огромна можност да се направи Албанија да заблеска на чело на големата работа и посебните предизвици на ОБСЕ, додаде Рама.
Албанија од буџетот за 2020 година за претседавањето со ОБСЕ издвојува четири милиони долари.