Новиот закон за легализација на дивоградби нема да важи за Охрид и Струга

by fokus 20:54
20:54

Во вторник на седница на Влада ќе биде разгледан новиот Предлог-закон за легализација на дивоградби и се очекува да биде донесен во Собранието до крајот на годинава, соопшти министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.

Во интервју во емисијата „Топ тема“ на ТВ Телма вечерва тој рече дека во новиот закон, кој Министерството за транспорт и врски го подготвило во соработка со ЗЕЛС, нема да биде опфатен Охридско-струшкиот регион и ќе се почитуваат препораките на УНЕСКО.

– Ние како ресорно министерство сме на став да не биде опфатен. По сите критики од УНЕСКО, не смееме да дозволиме во натамошниот период да се случуваат такви работи. Затоа, во тој дел  Охридско-струичкиот регион ќе биде изземен. Цениме дека тука треба да бидеме во согласност со УНЕСКО и со Законот за управување со светското културно наследство, рече Сугарески.

- Advertising -

Во новиот закон ќе бидат опфатни објектите кои бесправно биле изградени до 1 октомври 2019 и ќе важат истите услови како и досега, но, нагласи Сугарески, со голема и евидентна разлика затоа  што легализацијата нема да биде 1 евро за квадрат, туку покрај 100-те проценти ќе се наплатуваат и дополнителни  50 отсто казна поради незаконското градење. Суштината е решавање на правниот статус за да не бидат урнати зашто, како што рече, тоа е дилема и трето нема.

Поврзани новости