Албанец осуден на доживотен затвор во Австрија за убиство на сопругата

by fokus

Шеесетгодишен Албанец од Косово е осуден во Австрија на доживотен затвор за убиство на сопругата.

Тој е обвинет дека во ноември минатата година ја избол сопругата 16 пати по брачна расправија. По убиството излегол да се прошета, изјавил пред судот.

– Потоа отидов кај соседот и му кажав дека ја убив сопругата и дека треба да повика полиција – додаде тој.

Расправијата избила за појадок, бидејќи, како што рекол, сопругата му послужила супа.

– Жена ми сакаше да ме натера да јадам супа рано наутро. Покрај тоа, таа зборуваше лошо за мојата ќерка од првиот брак – објасни тој.

Тој додал дека изгубил контрола, извадил ножеви од кујната и ја нападнал жената.

Тој го признал делото, но не се покајал пред судот.

Неговиот адвокат се обиде да избегне пресуда за убиство и тврдеше дека тоа е дело извршено под влијание.

Но, судот не му поверувал, бидејќи Албанецот ја избол жената од зад грб.

Затоа и донесе пресуда со најтешката казна – доживотен затвор, пренесе Телеграф.рс.

Поврзани новости