Алаѓозовски: Виновни за уништувањето на културното наследство се тендер политиките на криминалната власт на ДПМНЕ

by Fokus 15:05
15:05

Никогаш повеќе да не се случи катастрофата што сега му се случува, на пример, на Охрид, со загрозениот статус во УНЕСКО, поради необмислените зафати на археолошкиот локалитет Плаошник, апсурдното уништување на брегот на Охридското езеро, штетните последици врз националниот парк Галичица, истакна на денешната прес-конференција Роберт Алаѓозовски, претседател на Комисијата за култура на СДСМ.

Според него, итно мора да се деблокираат демократските процеси и Република Македонија да добие нова Влада, што ќе ги заштити граѓаните, државата, но и загрозеното традиционално културно наследство, од криминалната власт во заминување.

- Advertisements -

– По примерот на развиените европски земји, новата реформска Влада ќе подготви нов Закон за заштита на културното наследство. Во него ќе биде содржана листа на споменици од национално значење, што ќе биде документ од јавен карактер, достапен на граѓаните. Меѓународниот Ден за културни споменици и локалитети – 18. април, што оваа година се фокусира на културно наследство и одржлив туризам, никогаш повеќе Република Македонија да не го дочекува со запоставени и уништени, вредни и важни историски локалитети и бесценети природни и културни богатства – тврди Алаѓозовски.

Тој додава дека причината за ваквата состојба се тендер политиките на криминалната власт којашто мисли единствено на полнење на приватни џебови и сметки.

– Но тоа време завршува. Многу брзо, новата реформска влада предводена од СДСМ ќе ги стопира сите непромислени и криминални проекти вклучувајки ги и овие во културата. Ќе извршиме ревизија на сите сомнителни активности на скопско Кале, градбите на Плаошник во Охрид, ски-центарот на Галичица, плажата во Лагадин и низа други, што претставуваат директна закана врз културното и природното наследство – истакна Алаѓозовски.

 

 

 

 

Поврзани новости