ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Алаѓозовски немаат право да зборуваат за заштита на културно наследство

by Fokus

„СДС е уценета партија. СДС мора да враќа кредити кон сите нарко-криминални групи и кон сите поединци кои не и мислат добро на Македонија, кои го негираат македонскиот идентитет и сакаат да ја редефинираат државата врз основа на Тиранската Платформа, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

– Сервилниот СДС сега срамно се труди да го сврти вниманието од својата деструктивна и антидржавна политика со апсурдни прес конференции на Алаѓозовски и нему сличните кои се ставаат во одбрана на криминалите на Заев и криминалната врхушка на СДС. Лагите на криминалецот Заев веќе не минуваат, а граѓаните секојдневно во се поголем број се на улиците низ градовите на Македонија – се наведува во партиското соопштение.

Според нив, денешниот прес на СДС претставува политички памфлет, во кој, Алаѓозовски ја покажал својата елементарна некомпетентност за работите кои се обидува да ги коментира.

– СДС и Алаѓозовски немаат кредибилитет да говорат за заштита на културното наследство и унапредување на туристичкиот потенцијал на Република Македонија од проста причина што во време на нивното практицирање на власта не реализираа ниту еден единствен проект од оваа област. СДС не реализираше ниту еден проект за конзервација, реставрација и санација на ниту еден објект или локалитет од пребогатото културно наследство на Република Македонија, а истите беа оставени без никаква заштита со што стануваа лесна цел за дивите копачи – продолжува понатаму во соопштението.

 

Поврзани новости