Алаѓозовски позираше покрај фосилите на слонот во Долни Дисан

by fokus

Министерот за култура Роберт Алаѓозовски денес го посети локалитетот во Долни Дисан, Неготино, каде беа откриени фосилни остатоци од изумрен вид на слон.

Заедно со градоначалникот на Неготино, Тони Делков, тој упати честитки до истражувачките екипи од нашиот музеј и нивните колеги од Софија, соседна Бугарија за откритието кое е од големо научно значење.

Палонтолошки екипи од Природонаучниот музеј на Македонија и Природонаучниот музеј од Софија од дваесетти април годинава започнале со ископување фосилни остатоци од изумрениот вид на слон (Choerolophodon pantelici). Овој животниски вид живеел на тревести живеалишта, слични на саваните и се смета дека е постар од мамутите.

Откритието дека во неготинско живееле слонови е топ тема во градот. Неготинчани ги преплавија социјалните мрежи со разни шеги по повод темава.

-Слонот најверојатно умрел за вода, Каде имало слонови, сигурно има и нафта, Кавадарчани ќе си пукнат од мака оти не само воз, туку и слонови сме имале, се само дел од шегите кои се актуелни од вчера, откако беше објавена веста за пронаоѓањето на остатоците.

Вики Клинчарова

Поврзани новости