Васко Ефтов е нов директор на ТВ Алфа

by fokus 10:51
10:51

Новинарот Васко Ефтов е нов директор на националната телевизија Алфа на местото на Љубомир Николовски, пишува „Призма.мк“, повикувајќи се на објава на Централниот регистар.

Ефтов веќе подолго време ја емитува својата емисија „Во центар“ на овој медиум.

Извесен Петер Шац од Будимпешта минатото лето стана еден од сопствениците на македонската телевизија со национална концесија, Алфа ТВ.

Покрај Унгарецот, во 2017 во сопствеништвото на телевизијата влезе и релативно непознатиот Горан Балаќ од Земун, Србија.

Двајцата заедно го имаат најголемиот удел во телевизијата, во која како дел од сопственичката структура се јавуваат уште неколку фирми.

Поврзани новости