Алаѓозовски: Амнестија е правен термин, простување е етички

by fokus

Поранешниот министер за култура во Владата на Заев, Роберт Алаѓозовски, ги појаснува нејаснотиите кои ги предизвика вчерашниот говор на премиерот во Собрание кога повика на простување за 27 април. Според Алаѓозовски постои разлика помеѓу амнестија и тоа што го кажал Заев.

„Амнестија е правен термин, а помирување, простување е етички. Едниот реферира на односот помеѓу поединците и институциите, а другиот на односите меѓу луѓето, групите, општествените заедници“, напиша тој на фејсбук.

Претходно и министерот без ресор Едмонд Адеми ги негираше тврдењата дека Заев повикал на амнестија.

Сепак, нема официјално демант од Владата за медиумските написи кои го протолкуваа говорот на Заев како понуда за амнестија.

Поврзани новости