Активни пожари во Прилепско и Мариовско

by fokus

Два пожара се активни во Прилепско и Мариовско. На потегот кај селата Лопатица, Подмол и Бонче од саботата гори нискостеблеста шума и трева, додека другиот пожар е кај селото Крушеица.

Командирот на прилепската Противпожарна единица, Виктор Стојчески изјави дека попладнево пожарот кај Крушеица е локализиран и оти во гаснењето било вклучено и месното население, додека пожарот на потегот кај селата Лопатица, Подмол и Бонче е непредвидлив поради ветрот.

– Постојано имаме екипи на теренот. Сѐ уште се екипите на теренот кај Лопатица и Подмол. Се внимава пожарот да дојде до село, но поради ветрот е непредвидлив, изјави Стојчески. 

Поврзани новости