Џонсон: Ќе постигнеме договор и ќе ја напуштиме ЕУ до 31 октомври

by fokus

Британскиот премиер Борис Џонсон изјави денеска дека ќе биде постигнат договор за Брегзит и земјата ќе ја напушти ЕУ на 31 октомври.

– Ќе постигнеме договор и ќе работиме многу напорно за да успееме во тоа. Бев вчера во Ирска, каде со нашите пријатели разговарав како тоа да го направиме. Планираме да одиме во Брисел и да разговараме и со некои други престолнини, истакна Џонсон.

Според него, постои начин да се постигне договор, но и дека Британија мора да биде подготвена за излез од ЕУ без договор.

– Ако биде апсолутно неопходно, ќе излеземе и без договор, нагласи британскиот премиер.

Поврзани новости