Адвокатот Гажоски: Потребна е транспарентна судска постапка и конфискација на незаконски стекнатиот имот на Вангеловски

by fokus 19:17
19:17

Адвокатот Ѓоко Гажоски за „Фокус“ вели дека денешното разрешување на Јово Вангеловски дава мала надеж за дека сепак се можни суштински реформи во правосудството, но и дека ова треба да биде само почеток.

-Разрешувањето на Вангеловски е добра појдовна нулта точка, но мора во периодот што престои да се реформира правосудството суштински и целосно, а не само со козметика да се шминка надворешноста на целиот правосуден систем , на што сме сведоци веќе скоро три децении, вели Гажоски.

- Advertisements -

На прашањето дали освен разрешувањето, против Вангеловски треба да биде покрената и некаква судска постапка, Гажоски вели:

-Доколку слушнете колку недвижен и движен имот поседува сега веќе разрешениот Претседател на Врховниот суд тогаш мора како логично продолжение на приказната околу несовесното работење, да следи покренување на соодветни кривични постапки против него и конечно експанзивна конфискација на незаконски стекнатиот имот. Сметам дека тие кривични постапки кои би се воделе против Вангеловски би се замарзнал најпрво недвижниот и движниот имот доколку има основано сомнение дека е стекнат на незаконски начин. Доколку во фер и транспарентна судска постапка за истиот се докаже дека е незаконски стекнат, и биде конфискуван, тоа ќе биде доволна порака дека криминалот во Македонија не се исплати. Во спротивно се уште на сила ќе биде принципот на неказнивост и пораката кон сите идни високи функционери од било која од трите власти: дека криминалот и тоа како се исплати, заклучува Гажоски.

Катерина Смилева

Поврзани новости