648
Активистката за женски права, Калиа Димитрова денеска беше гостинка во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“. Таа говореше за аферата „Јавна соба“, која го отвори прашањето колку е феминизмот потребен во вакви социјално општествени услови, каде што на површина излегуваат прашањата дека жените се всушност секогаш жртви.
– Мислам дека е важно оваа тема околу групата „Јавна соба“ да се разгледува од феминистичка перспектива. Во многуте дебати што се случуваа, изоставуваше јасно да се именува дека ова е проблем на родово – базирано насилство. Мислам дека тоа е многу важно да биде идентификувано како такво- вели во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“, Калиа Димитрова, активистка за женски права.